Актуелно 11.06.2019 16:03

Пад во градежништвото- Издадени 3, 6 % помалку одобренија за градба во однос на месец април од претходната година

Пад во градежништвото- Издадени 3, 6 %  помалку  одобренија за градба во однос на  месец април  од претходната година

Градежништвото е во пад според најновите податоци на Државен завод за статистика. Имено, според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2019 година се издадени 240 одобренија за градење, што е за 3.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Исто така, според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 309 660 илјади денари, што е за 14.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Ова не е воопшто чудно посебно ако се земе во предвид и слабата реализација на капитални инвестиции кои се на очајно ниво и ништо не се гради. Дополнително, јавниот долг се зголемува владата се задолжува континуирано но никој не знае каде одат парите , затоа што очигледно не се трошат на стратешки проекти кои ќе бидат од долгорочна и стратешка важност на државата.

Експертите велат дека ваквата очајна состојба во економијата ќе има долгорочни последици по и онака нискиот стандард на граѓаните. Инаку, градежништвото е една од главните гранки во Македонија на кој се базира и економскиот раст. Економистите сметаат дека ако продолжи овој катастрофален пад во овој сегмент економскиот раст воопшто нема да биде задоволителен и покрај 4,1 % раст на БДП  во првиот квартал. Континуитетот во растот е од круцијална важност за тој раст да го почувствуваат  граѓаните во подобрување на стандардот на живеење.