При денешното гостување на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ во емисијата „Само Вистина“ најави дека се подготвуваат кривични пријави против Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Кривичните пријави се подготвуваат бидејќи наводно Генералниот секретар ги манипулирал граѓаните дека СДСМ поткупувал пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова покажува дека стравот кај СДСМ се повеќе се зголемува по објавувањето на анкетата на МЦМС, бидејќи при низа недоследности, нелогичности и апсурди во статистика, кои ја одбележуваат последната анкета која беше спроведена од страна на МЦМС и телевизија Телма, она што беше најзапазено на прв поглед на анкетата е резултатот дека ВМРО-ДПМНЕ води кај Македонците, а СДСМ стана најпопуларна партија кај Албанците.
Според анкетата се согледува дека довербата кај Македонците се повеќе паѓа за СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ добива се поголема доверба. Со ова се докажува дека ниту еден монтиран случај од оваа власт или политички прогон ќе го скршат ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ паѓа во очите на граѓаните, а повеќе сила добива ВМРО.
Поради драстичниот пад на СДСМ, Костадин при една прилика во денешното гостување на „Само вистина“ дури и рече дека не се потребни предвремени парламентарни избори бидејќи на граѓаните им се преку глава. Сето ова кажува само дека СДСМ се плаши и од избори бидејќи ја изгубија довербата кај граѓаните веќе одамна.