Живот,Мозаик 26.04.2018 11:48

Палма Де Мајорка планира да забрани издавање станови на туристи

Палма Де Мајорка планира да забрани издавање станови на туристи

Палма де Мајорка планира да забрани издавање станови на туристи и на тој начин да стане првиот шпански град што ќе ја воведе таа мерка.

Градоначалникот Антони Ногуера денеска изјави дека градските власти ќе гласаат за таа одлука, бидејќи „нема ништо полошо од тоа да имаш жители кои не можат да живеат во својот град, ниту да си дозволат да изнајмат стан“.

Побарувачката за изнајмување станови во Мајорка и повеќето шпански градови е зголемена во последниве години.

Многу жители и локалните власти сметаат дека кириите се зголемиле поради интернет апликациите кои им овозможуваат на туристите да изнајмат станови директно од сопственикот на краток рок.

Ногуера вели дека куќите ќе бидат изземени од забраната, освен ако не се во заштитените зони, во близина на аеродромот или во индустриските зони.