Живот 31.03.2021 22:08

Пановски: „АстраЗенека“ работи без профит, поголема е смртноста од „Фајзер“

Пановски: „АстраЗенека“ работи без профит, поголема е смртноста од „Фајзер“

Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас, смета микробиологот проф. д-р Никола Пановски, пренесе Слободен печат.

Според него сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит.

– Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет – единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на „Фајзер“ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од „Фајзер“ е поголема од смртноста од „АстраЗенека“. Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100 000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100 000, вели микробиологот Пановски.

И нему му е чудно ограничувањето со вакцината на „АстраЗенека“ да се вакцинираат само лица над 60 години кое веќе се применува на вакциналните пунктови откако синоќа министерот за здравство Венко Филипче рече дека одлучиле да им веруваат на искуствата на Германија и Канада кои ја сопреа вакцинацијата на помлади лица со оваа вакцина.