Актуелно 16.01.2020 16:51

ПАРОДИЈА: Ципрас ја крева вратоврската на Заев додека тој му вели „Еба му името, еба му“ (ВИДЕО)

ПАРОДИЈА: Ципрас ја крева вратоврската на Заев додека тој му вели „Еба му името, еба му“ (ВИДЕО)

Социјалните мрежи и денеска буквално се запалија по вчерашниот аудио скандал во кој јасно се слуша како Заев вели „Еба му името, еба му“.

Имено тој во аудио снимката која КУРИР вчера ја пренесе во целост Заев уште во 2014 година подготвувал продажба на името, а во еден момент тој за името на државата Македонија зборува „Ебаму името, еба му“.

„Еба му, името, еба му“, вели Зоран Заев во далечната 2014-та година во продолжението на снимката „Евро за Вицето“, што на Јутуб ја објави Зоран Божиновски. Верувале или не, но уште тогаш Заев ко Баба Ванѓа го знае целото сценарио кое следува во Македонија, улогата на Меѓународна, Грција, името.

Во Аудиото Зоран Заев на Иво Николов Сичавалиев му ја раскажува идната политичка проекција, поточно што тој како иден премиер ќе му донесе благодет нему и на сите струмички бизнисмени и колку тоа е добро за Струмица која само еднаш во 100 години има шанса да има таков премиер како ЗАЕВ, премиер кој ќе остави белег!

Денеска се појави и видео на кое преку фотографија се гледа како Заев му ја подарува краватата на Ципрас, а во позадина се слуша аудио како Заев вели „Што да ти кажам, дај отвори тој живот да живееме човек“.

-Значи поминаа, времето си тече, има толку многу вредности важни, Еба му името, еба му, вели Заев во 2014 година.