Откако оваа недела беше објавено дека американската инфлација падна на 2,9 отсто во јули, стана поизвесно дека американската централна банка конечно ќе започне со намалување на каматните стапки во септември.
Европската централна банка го започна овој процес на намалување на каматните стапки веќе во јуни. Светските финансиски пазари со нетрпение очекуваат какви и колку силни потези ќе направат монетарните власти до крајот на годината. Секако, каматните стапки на централните банки ќе влијаат и на намалувањето на каматните стапки на деловните банки, како за депозитите, така и за заемите.
Што ќе се случи со каматните стапки наесен ќе зависи од инфлацијата и економските движења, односно од растот и вработеноста. Трендот на Европската централна банка за намалување на каматните стапки започна во јуни. Во јавните настапи се многу резервирани во најавата за понатамошни потези.
– Прашањето за септември и што ќе правиме тогаш е ширум отворено и тоа ќе зависи од сите податоци што ќе пристигнат, изјави на 18 јули претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.
Берзите ширум светот нестрпливо чекаат понатамошни потези од монетарните власти. Аналитичарите веруваат дека Европската централна банка ќе продолжи да ги намалува каматните стапки.
-Пазарот очекува ново намалување на каматите во септември и до крајот на годината ќе видиме уште три намалувања на каматните стапки, секако тоа ќе зависи од политиката на американската це банка, но и од податоците кои ќе дојде, особено во однос на инфлацијата, велат експертите.
Особено нетрпеливи се инвеститорите во САД. Имено, тамошната централна банка, ФЕД, позната по својата смелост и брзина на одлучување, поради страв од рецесија, се уште не се одлучила ниту за првиот чекор од барем симболично и долгоочекувано намалување на каматните стапки.
-И Европската централна банка и централните банки на Канада и Швајцарија почнаа да ги намалуваат каматните стапки. Од друга страна, ФЕД сè уште држи каматни стапки над 5 проценти и сао навестува еа ќе ги намали, но всушност не прави ништо, вели Вил Мекгоф, главен инвестициски директор на Prime Capital Financial.
Намалувањето на каматните стапки од страна на централните банки, покрај инфлацијата и економскиот раст, секако влијае и врз каматната политика на деловните банки, како кон компаниите, така и кон граѓаните.
Ефектот од намалувањето на каматните стапки од страна на централните банки најбрзо ќе се почувствува на краткорочните инвестиции, како оние на пазарот на пари, а најбавно ќе се одрази на долгорочните средства и станбените кредити.