Пазарниот инспекторат изврши над 300 надзори по Одлуката на Владата на територија на цела Македонија. Констатирани се неправилности за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 4.500.000 денари.
„Трговците на мало имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во тековната годината, како референтна цена, а сите намалени производите треба да имаат ознака ГАРАНТИРАНА ЦЕНА! Трговците кои вршат трговија на големо имаат обврска да одобруваат рабат во висина од 5% и да им ги продаваат месечно производите од Одлуката на трговците на мало во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година!“, велат од Пазарна.
„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите! Казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел), Струга и Кичево. Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“ – потенцираше, директорот Горан Трајковски.