Живот 01.08.2018 19:25

Пчелите го сфаќаат она што децата не можат

Пчелите го сфаќаат она што децата не можат

Последната студија покажува дека пчелите соедуваат математичка способност која претходно се сметаше дека постои само кај делфините, приматите, птиците и луѓето постари од деца.

Со оглед на тоа дека пчелите имаат многу мали мозоци, тие докажуваат дека се едни од најинтелигентните суштества.

Научниците од Австралија и Франција сметаат дека инсектите знаат оти нула е помалку од единица, докажувајќи дека пчелите можат да го разберат „концептот на ништо“.

Нивните мозоци се со големина на семе од сусам, а имаат помалку еден милион неурон, споредувајќи со луѓето кои имаат 86.000 милиони.

-Нула е потежок концепт за разбирање и математичка вештина која децата ја учат неколку години, истакнува професорот Адријан Дајер, од РМИТ Универзитетот во Мелбурн.

Во студијата истражувачите ги обучувале пчелите да рангираат бројчани големини и да сфатат оти нулата припаѓа на долниот крај на низа броеви.

Тие тестирале пчели така што ги учеле да одберат елемент со најмал број елементи, за да добијат награда – шеќер.

Истражувачот Скарлет Ховард ги привлекла пчелите на ѕид каде што им биле претставени два знака. Секој од нив имал различен број на црни симболи, а пчелите требало да го одберат знакот со помал број.

Нивниот најголем тест се случил кога им била дадена опција меѓу картички со еден симбол и картички без симбол. Тие успеале да разберат дека нула е помалку од единица, иако никогаш претходно не им биле прикажани празни картички.