Доказ дека Пендаровски е под целосна контрола на неговиот ментор Зоран Заев е видеото од пред неколку години во кое тој за политички цели злоупотребува неколку трагични случаи и си поигрува со чувствата на семејствата.
-Неспорна е снимката од „Смилковско езеро“, „контроверзното загинување на Никола Младенов“, мислам дека во овој период ќе одиме и со „контроверзниот случај на Мартин Нешковски“ детето кое беше убиено на плоштадот „Македонија“ , вака велеше Стево Пендаровски во минатото, а денес кандидат за претседател на Македонија од редовите на СДСМ.
Оваа негова изјава паѓа во вода откако сопругата на Младенов во телевизиско гостување децидно кажа дека Младенов загинал само поради големата брзина на патот, и апелираше да не се злоупотребува неговата несреќа.
Сопругата на Никола Младенов до Заев: Ги молам политичарите да не ја ставаат сообраќајната несреќа во дневна политика
Сознанијата со кои што располагам јас не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина согласно условите на патот, ова вчера во „Студио 1“ на 1ТВ го изјави сопругата на новинарот Никола Младенов.
-Јас ја разбирам добрата намера владата сегашна, тогашна опозиција и на Зоран Заев како лидер на опозицијата. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите и системот, тоа ги подгреваше сомнежите кај сите останати не само кај Никола Младенов, туку и за многу други случаи. Тоа не беше констатација од народот во Македонија, ние и од целокупниот меѓународен фактор добивавме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и ние имаме една заробена држава, но како што кажав да бидам децидна во ова, причината за трагичната несреќа во која загина Никола е брзината, вели таа.
Додава дека досега нема никаков сомнеж за друга причина за неговата сообраќајна несреќа.
-Не сметам дека луѓето, поготово оние што се занимаваат со политика треба не треба да користат разноразни трагични настани во правење на политички цели во дневно политички интереси, алудирајќи на Заев и неговите изјави поврзани со Младенов.