Актуелно 21.11.2024 10:17

Перински на Today’s Sport: Да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух

Перински на Today’s Sport: Да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска имаше чест да се обрати пред присутните на денешниот спортскиот самит Today’s Sport, најголемиот спортски настан во нашата земја, во организација на Здружението „Геостратешки Институт Глобал“ на кој се дебатираше во насока на промовирање на јавни спортски политики во нашата држава. Министерот посочи дека секое одговорно општество треба да изгради одговорен однос кон спортот, а оваа Влада тоа го покажала со формирањето на новото Министерство за спорт.

-И во Законот за локална самоуправа спортот е посебно нотиран како локална надлежност во насока на развој на масовниот спорт, организирањето на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти и поддршка на спортски сојузи. Вложуваме максимално во развојот на спортот, во развојот на секој млад човек. Во секој може да се крие иден олимпиец, а наша одговорност е да создаваме услови и можности за сите. Шансата за поединецот е шанса за државата, да се обединиме околу позитивни вредности, да нè води победничкиот дух, да славиме успеси кои што ќе нè афирмираат во светот и ќе не мотивираат дома секој ден да бидеме уште подобри“, порача министерот.

Најнови вести