Бебињата дури половина од својот ден поминуваат во плач само затоа што не постои друг начин на кој би можеле да ви дадат до знање дека имаат проблем.
И додека од мајката се очекува едноставно да знае што значи детското плачење, во реалноста потребно е време (и трпение да го научат јазикот на секој конкретен тип на плачење. Сѐ уште не знете што значи плачот на вашето бебе? Искористете ја листата на совети кои сигурно ќе ви помогнат да разберете зошто вашето бебе плаче и како повторно да го направите среќно.
ЗАПОЧНЕТЕ ОТТУКА
Јас сум гладно
Ова е број еден на листата на проверка и овој проблем е лесно да се реши. Ако плачењето е гласно и се повторува, станува луто, обидете се да го нахраните бебето.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Треба да ждригнам
Ако плачењето е пискливо и жестоко и ако телото на бебето е круто, можеби го мачат ветрови. Обидете се да го подигнете на рамото и нежно лулајте го или легнете го на стомак на својот скут и нежно тријте му го грбот одоздола нагоре.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Мора да се смирам
Што ако плаче прво потивко, а потоа сѐ погласно, а сепак знаете дека е сито? Во утробата вашето бебе цело време беше сито и се чувствувало заштитено и тоа сака да го има и понатаму. Обидете се да го смирите со цуцла (иако ова не е препорачливо особено ако е помало од четири недели и ако го доите, бидејќи тоа може да го наруши редовниот ритам на доењето) или поттикнете го да се забавува со некоја играчка за заби.
Некои бебиња, особено оние на возраст под три месеци, едноставно имаат потреба нешто да цицаат, па затоа плачат, но пред сѐ бидете особено сигурни дека е сито.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Уморно сум
Дали плачењето е тивко и брзо почнува и запира ? Ако е така, тогаш бебето е веројатно уморно, особено ако при тоа и зева, а очните капаци се розови. Обидете се да го наместите за спиење на начин на кој ќе ви одговара најдобро за да можете да го лулате, а можете и да го оставите да плаче неколку минути пред да заспие.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Не ми е удобно
Без разлика дали го надразнуваат пелените, има премногу тесна облека или можеби му е премногу топло или ладно, соблечете го, проверете ја причината и прсоблечете го.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Премногу настани
Ако го менува расположението од среќно гугање до вознемирувачко плачење, можно е дека станува се понесреќно заради премногу внимание односно, затоа што е вознемирено. Силно светло, музика, бучава и луѓето можат да го иритираат и фрустрираат бебето. Однесете го во затемнета просторија и видете дали се смирува.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Сакам прегратка
Ако вашето бебе е сито, чисто и задоволено, но почнува да плаче тивко и тоа плачење е придружено со подавање раце, веројатно плаче само за да го земете во прегратка. Сите ние имаме лоши денови кога едноставно сакаме да се чувствуваме сакани и потребни. Земете го во прегратка.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Не се чувствувам сосема добро
Ако бебето плаче болно и инстинктот ви кажува дека нешто не е во ред, бебето може да биде болно. Измерете му ја температурата, треска е сѐ над 37,5°C. Причината може да биде инфекција со вообичаена детска болест – сипаници, треска, раст на забите или вакцинација.
Дадете му на бебето парацетамол за да се намали температурата и течности за да се спречи дехидрација. Побарајте медицинска помош ако температурата е над 38°C кај бебињата до три месеци или ако таа е повисока од 39°C ако е постаро од три месеци. Побарајте медицинска помош ако се појавуваат други симптоми, како што се необичната поспаност, одбивање на храна повеќе од осум часа или појава на осип.
УШТЕ ПЛАЧЕ …
Има стомачни грчеви
Плачот е неутешен и трае неколку часа, при што вашето бебе можеби ги подигнува нозете и испушта гасови. Ако е така, тогаш тоа се веројатно стомачни грчеви кои предизвикуваат засилено плачење кај инаку здравите бебиња.
Обидете се со капки против стомачните грчеви, благ раствор на сода бикарбона или со капките на ензимот лактоза, кои ќе ја олеснат работата на стомакот на бебето. Стомачните грчеви обично исчезнуваат сами од себе во 12 и 16 недела, па дури иако вашето бебе се чини несреќно, тие немаат долгорочни последици .