Актуелно 14.01.2020 18:38

Петар Арсовски: Законот за јазици, ваков каков што е, ќе направи Македонците и Албанците да комуницираме преку преведувач

Петар Арсовски: Законот за јазици, ваков каков што е, ќе направи Македонците и Албанците да комуницираме преку преведувач

Добро познатиот поддржувач на политиките на актуелната Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, Петар Арсовски, смета дека на крајот, Законот за јазици ќе направи, Македонците и Албанците да комуницираат преку преведувач.

-Јас мислам дека ние се уште не сме ја завршиле суштинската дебата, дали сакаме паралелизам или сакаме интеграција. На пример, Законот за јазици, ваков каков што е, ќе направи јас и вие да комуницираме преку преведувач, на крајот. Наместо да не натера да си ги научиме јазиците еден со друг. Дури и по цена на тоа, Македонците да учат албански задолжително. Тоа е исто така прашање на паралелизам или интеграција. Ќе ни овозможи секој да зборуваме на својот јазик во паралелни општества понатака, истакна аналитичарот Арсовски.

Гостувајќи во дебатната емисија “Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, на која се дискутираше за предизборната реторика која ќе ја користат политичките партии, Арсовски и неговите соговорници, албански аналитичари разговарајќи и за правата на Албанците во Македонија, се согласија дека во општините со мнозинско албанско население, Македонците се тие кои се дискриминарани.