Актуелно 13.02.2021 11:16

Петриња повторно силно се тресе

Петриња повторно силно се тресе

Регистирани два земјотреси рано утрово во Хрватска. Епицентарот бил кај Петриња, соопшти хрватската сеизмолошка служба.

Првиот силен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер се случил во 04:55 часот.

Вториот, малку послаб земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала се случил во 05:19 часот, според извештајот на Сеизмолошката служба.