Актуелно 27.01.2025 12:29

Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија

Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија

Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Не смее цела држава да биде заложник на мафијата на смртта, истакна Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека пациентите на Онкологија чекаат терапија, мафијата на смртта поддржана од Венко Филипче трие раце за профит.

Со години мафијата на смртта предводена од веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.

Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче.

Венко Филипче и СДС политички ја штитат оваа мафија која всушност самите низ годините ја создале.

Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека и да се заинтересира за случувањата на Онкологија, додава Петрушевски.