Економија 03.05.2018 10:19

Pfizer не ги исполни очекувањата за продажба во првиот квартал

Pfizer не ги исполни очекувањата за продажба во првиот квартал

Водечката американска фармацевтска компанија Pfizer Inc не успеа да ги оправда очекувањата за продажбата во првиот квартал, погодена од пониската побарувачка на лекот за рак на дојка Ibrance и лекот за артритис Xeljanz, соопшти Ројтерс.

Акциите на Pfizer, кои се борат да имаат корист од зголемените цени на берзите по изборот на Доналд Трамп за претседател во 2016-та година, поевтинија со малку над 1% во одговор на финансиските резултати.

Компанијата соопшти дека продажбата на Ibrance изнесуваат 933 милиони долари во првиот квартал, што е за 37,4% повеќе од една година порано, но под очекувањата на аналитичарите на Thomson Reuters за приходи од лекот во износ од 956,6 милиони долари.

Xeljanz кој е одобрен за лекување на ревматоиден артритис и псоријатичен артритис, реализирал продажба од 326 милиони долари, доста под очекуваните од аналитичарите 398,5 милиони долари.

Сепак, приходите од кварталот за една четвртина ги надминуваат проценките на Вол Стрит за посилна од очекуваната продажба на вакцината против пневмонија Prevnar. Компанијата ја потврди својата прогноза за 2018-та година.

Нето добивката се зголеми на 3,56 милијарди долари или 59 центи по акција, за четвртиот квартал кој заврши на 1-ви април, наспроти 3,12 милијарди долари или 51 центи по акција една година порано.

Вкупните приходи се зголемија за еден процент на 12,91 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 13,13 милијарди долари.

Најнови вести