Водечката американска фармацевтска компанија „Pfizer Inc“ не успеа да ги оправда очекувањата за продажбата во првиот квартал, погодена од пониската побарувачка на лекот за рак на дојка „Ibrance“ и лекот за артритис „Xeljanz“, соопшти „Ројтерс“.
Акциите на „Pfizer“, кои се борат да имаат корист од зголемените цени на берзите по изборот на Доналд Трамп за претседател во 2016-та година, поевтинија со малку над 1% во одговор на финансиските резултати.
Компанијата соопшти дека продажбата на „Ibrance“ изнесуваат 933 милиони долари во првиот квартал, што е за 37,4% повеќе од една година порано, но под очекувањата на аналитичарите на „Thomson Reuters“ за приходи од лекот во износ од 956,6 милиони долари.
„Xeljanz“ кој е одобрен за лекување на ревматоиден артритис и псоријатичен артритис, реализирал продажба од 326 милиони долари, доста под очекуваните од аналитичарите 398,5 милиони долари.
Сепак, приходите од кварталот за една четвртина ги надминуваат проценките на „Вол Стрит“ за посилна од очекуваната продажба на вакцината против пневмонија „Prevnar“. Компанијата ја потврди својата прогноза за 2018-та година.
Нето добивката се зголеми на 3,56 милијарди долари или 59 центи по акција, за четвртиот квартал кој заврши на 1-ви април, наспроти 3,12 милијарди долари или 51 центи по акција една година порано.
Вкупните приходи се зголемија за еден процент на 12,91 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 13,13 милијарди долари.