Прамидалните шеми се многу стар облик на измама, но дури и во 21 век, луѓето сè уште имаат проблеми да ги препознаат. Секоја ера и секој напредок во комуникациите, финансиите и технологијата го менува својот изглед, но темелите се секогаш слични.
Тие нужно доаѓаат до својот колапс поради самата природа на ваквите измами, а само тесен круг на оние кои ги започнале заработуваат од нив, додека поголемиот дел од учесниците остануваат без вложени средства, често и заштеди, анализира Индекс.хр. Колапсот на пирамидалните шеми води до бројни финансиски и социјални проблеми, а низ историјата имало случаи кога тие би довеле до вооружени конфликти и револуции. Во суштина, пирамидалната шема е структура која ветува нереално висок поврат на инвестицијата на оние кои влегуваат во неа, под услов секој нов „инвеститор“ во структурата да регрутира уште неколку луѓе.
Тие се нарекуваат пирамидални затоа што структурата има облик на пирамида, со двигател на врвот. Пирамидата експоненцијално се шири. На пример, иницијаторот регрутира две лица на кои им ветува голем поврат на нивната инвестиција, под услов секој од тие две лица да регрутира уште двајца. Организаторот им ветува на новите членови дел од парите од оние што ќе ги регрутира.
Пирамидата е веќе воспоставена. Четирите најнови луѓе во пирамидата, исто така, регрутираат уште две лица, тие осум регрутираат нови шеснаесет, итн. Стапката на проширување зависи од тоа колку нови членови треба да внесе секој член во структурата на пирамидата. Ако секој член донесе шест нови членови, пирамидалната шема ќе порасне од едно лице на 7.776 луѓе во само пет круга „регрутирање“, во шест ќе порасне на 46.656 членови, кај седум на 279.936 членови, а на крајот на десеттиот круг на регрутирање нови членови ќе порасне на 60,47 милиони членови. Малцинството победува, мнозинството губи.
Во една од побизарните епизоди на поновата историја, колапсот на неколку пирамидални шеми за краток период доведе до де факто граѓанска војна во Албанија во 1997 година. Во Албанија падна комунизмот и беше заменет со капитализам, но со оглед на тоа што Албанија немаше законско наследство да ги регулира компаниите во капиталистичкиот систем, настана хаос во финансискиот систем. Новосоздадените едноставни финансиски компании им ветуваа сигурно враќање на Албанците, кои по падот на комунизмот беа целосно финансиски неписмени и лесно им беше да ја прикријат измамата. Пропаднаа дури 25 фирми основани на пирамидални и понзи измами, а со нив и заштедите и имотот на бројни албански граѓани. Вкупната вредност на вклучените финансиски средства беше речиси половина од годишниот БДП на Албанија, а земјата падна во длабока политичка криза и големи делови беа управувани од банди и локални милиции. Се проценува дека меѓу 1.600 и 2.000 луѓе биле убиени во анархијата и конфликтите меѓу локалните банди.