Економија 04.09.2019 12:18

Пиши бриши тим за односи со јавност: „Адвокатот“ Шилегов предоцна ги корегираше објавените спротивно на закон лични податоци на граѓаните

Пиши бриши тим за односи со јавност: „Адвокатот“ Шилегов предоцна ги корегираше објавените спротивно на закон лични податоци на граѓаните

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов по 12 часа ја поправи својата грешка, но веќе е доцна.

Имено откако тој се пофали дека несовесни таксисти биле казнети со по 500 евра на својот Фејсбук профил ги сподели и писмените казни на таксистите со нивните лични податоци.

Шилегов кој е адвокат по професија повеќе од 12 часа пред јавноста ги имаше изложено личните податоци на казнетите таксисти, како и нивните матични броеви, адреса на живеење како и имињата и презимињата на петте казнети таксисти.

Сепак Шилегов заедно со неговиот тим за односи со јавноста задоцни, оваа задоцнета реакција тешко дека ќе ја исправи грешката која ја загрози безбедноста на казнетите таксисти.

Инаку ова не е прв гаф на тимот за односи со јавност на Шилегов, неодамна тие му го расипаа неговиот 50 роденден, откако се обидоа да ја изманипулираат јавноста околу подарените негови торти.

Лошиот тим за односи со јавност му го уништи 50 роденден на Шилегов- тортите на Петре кој сам си ги подарил хит на социјалните мрежи (ФОТО)

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов вчера го прослави својот 50-ти роденден.

По тој повод тој на социјалните мрежи сподели фотографии и статус со благодарност за роденденските честитки.

Во долгиот статус подготвен од неговиот тим за односи со јавноста стои дека сите торти што ги добил за роденденот ќе ги донира во неколку установи, и тоа за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневниот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија.

Но, она што го забележаа многумина на социјалните мрежи е дека Шилегов има лош тим за односи со јавноста кој уште еднаш се обиде да манипулира со јавноста.

Корисниците на социјалните мрежи на големо пишуваат за тоа колку е видливо дека тортите кои наводно ги добил на подарок се толку слични и имаат исти шари и фонтови што можеби самиот си ги нарачал за добар пијар маркетинг на социјалните мрежи.

Освен тоа во коментари тој доби и различни честитки како и насоки каде да ги подели дел од тортите.

„Апелирам една од тортите да се испрати кај работниците кои учествуваат во изведување на акцијата #СтанЗаМарин кај #МајчинДом.“

„Многу улагувачи штом толку торти собрал… а и што ќе им правиме? Каков популизам абе ни ДПМНЕ не можат со вас“.

„Среќен роденден само треба за да се грижиме не само за нас луѓето, каде се бездомните животни во сето ова значи стално ќе се потсетувам дека треба тој проблем да се реши соодветно за доброто на сите“, се само дел од честитките упатени до Шилегов по повод неговиот 50-ти роденден.

Сајтот ОФФНЕТ сподели вест од тортата на Шилегов со наслов: „Најјако: Почнале на торти да ја слават“, што предизвика исто така исмејување на лошиот тим за односи за јавноста вработен во град Скопје.