Краткотрајна попладневна дремка краткорочно ќе ве “освежи” и одмори, но со време оваа пријатна навика би можела да влијае на зголемената можност за предвремена смрт за речиси на една третина од луѓето, велат научниците од британскиот Универзитет Кембриџ
Во истражувањето, чии резултати се објавени во весникот American Journal of Epidemiology, учествувале 16.000 возрасни Британци кои се согласиле да бидат дел од големиот проект на причините за развој на ракот во период од 13 години.
Лицата кои се навикнати секојдневно попладне да дремнат еден час или подолго, повеќе се подложни на потенцијален развој на болестите на белите дробови, како што се бронхитис, емфизем или пневмонија, како и на ризикот од предвремената смрт од болестите на респираторниот систем, во споредба со лицата кои спијат само ноќе, јавува Дејли Меил.
Попладневната дремка, востановиле научниците, може да влијае на појавата на бројните воспаленија во организмот.
Како дел од проектот учесниците на истражувањето биле должни редовно да ги известуваат научниците за своите навики за “спиење”. По анализата на податоците британските експерти откриле дека кај лицата кои секојдневно попладне дремат помалку од еден час шансите за рана смрт е зголемена за околу 14 проценти, а бројот се зголемил на 32 проценти ако попладневното дремење трае повеќе од еден час.
Но, професорот Џим Хорн од Истражувачкиот центар за истражување на сонот на Универзитетот Loughbourough за Daily Mail рече дека на повеќето луѓе попладневното дремење, сепак нема да има негативен ефект.
“Огромното мнозинство од испитаниците опфатени со истражувањето, 85 проценти од нив, сите кои се одмараа помалку од еден час не се во опасност”, рече Хорн за Daily Mail.
Тој не се согласува целосно со своите колеги и тврди дека постои можност на дел од луѓето кои учествуваа во истражувањето, а веќе страдаат од сериозни и неизлечиви болести на белите дробови попладневниот одмор бил од корист и дека всушност им го продолжил животот.