Актуелно 17.11.2023 10:43

ПЛАН ЗА РЕФОРМИ И РАСТ: Македонија ќе биде домаќин на првиот Регионален министерски состанок

ПЛАН ЗА РЕФОРМИ И РАСТ: Македонија ќе биде домаќин на првиот Регионален министерски состанок

Македонија ќе биде домаќин на првиот Регионален министерски состанок.

Министрите на Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, заедно со високи претставници од Директорат за проширување на ЕК во Скопје ќе бидат на прв состанок за Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, што беше објавен од ЕК на почетокот на овој месец.

Состанокот се одржува со цел презентирање на Планот за раст од страна на DG NEAR и отворена дискусија со министрите од регионот за можностите максимално да се искористи ново дизајнираниот План за раст, во насока на зајакнување на кохерентноста на политиките и усогласување на помошта на ЕУ со домашните реформи и расположливи ресурси.

Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформа и раст пред министрите ќе ги претстави генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Герт Јан Копман.

Во фокусот на состанокот помеѓу ЕК и земјите од Западен Балкан се реформите коишто ќе бидат клучни за унапредување на економскиот и социјалниот развој, конвергенција во наредниот четиригодишен период, особено во делот на енергетската транзиција, бизнис окружување, животна средина, дигитализација, образование и човечки капитал. Во тој контекст и инвестициските приоритети.

План за раст на Западен Балкан е нов инструмент на ЕК којшто треба да овозможи поврзување, поддршка на реформите и финансиска поддршка во вид на грантови и поволни заеми, а со цел создавање поволни економски услови за граѓаните и бизнисот и побрза конвергенција и интеграција во ЕУ. Тоа е одлична можност за земјите за интензивирање на реформските агенди поврзани со евроинтеграцијата и унапредување на стандардот во земјите од регионот.

Планот е заснован на четири столба кои се насочени кон забрзување на економската интеграција од земјите во регионот во Единствениот пазар на Европската унија, како и зајакнување на економската интеграција во Западен Балкан преку Заедничкиот регионален пазар, а преку спроведување на социо-економски и фундаментални реформи, за што на земјите им се ставаат на располагање 6 милијарди евра во рамки на Инструмент за реформи и раст за Западен Балкан.