Банкарство 08.02.2024 13:42

Платено отсуство за татковство – привилегија за вработените во Стопанска банка – Скопје

Платено отсуство за татковство – привилегија за вработените во Стопанска банка – Скопје

Платено отсуство од 15 работни денови добива секој вработени во скопската Стопанска банка кога ќе стане татко. Банката е една од првите компании во државата, која ја воведе оваа погодност во согласност со EU Work-Life Balance директивата.

„Кога семејството расте тука сме да споделиме радост и да помогнеме во создавањето на трајни сеќавања.

Затоа, покрај подарок за новороденчето, на нашите вработени, штом станат татковци, им одобруваме платено отсуство во траење од 15 работни денови, дополнително на деновите што следуваат од колективниот договор“, информираат од Банката.

Оваа одлука – да се воведе платено отсуство за татковство, е со цел унапредување на балансот помеѓу работата и приватниот живот на вработените во Стопанска банка АД – Скопје.