Економија 18.05.2018 08:52

Плажите на Охридското Езеро ќе се закупуваат по цена од 90 денари за метар квадратен

Плажите на Охридското Езеро ќе се закупуваат по цена од 90 денари за метар квадратен

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска одржа работна средба со постојните и новозаинтересираните закупци на охридските плажи на која се
разговараше за текот на постапките околу закупување на плажите во пресрет на летната туристичка сезона, информираат од Општината.

Закупците беа информирани дека согласно одлуката на градскиот Совет почетната цена за издавање под закуп за метар квадратен ќе биде 90 денари.
Цената се однесува за плажите во централното градско подрачје и првата зона, а наддавањето ќе биде по електронски пат и се очекува да се реализира
наредниве денови.
Плажите кои нема да бидат дадени под закуп во првиот круг ќе има второ и трето наддавање. Плажите ќе се даваат под закуп за период од 5 години.