Актуелно 22.01.2021 20:51

По 27 години, решена e мистеријата со 13 годишната Сабине

По 27 години, решена e мистеријата со 13 годишната Сабине

Убиството на 13-годишно девојче го потресе селото Висенфелд во северозападна Баварија во 1993 година. Имало и осомничени, но сторителот не бил фатен. До сега.

Девојчето Сабине Б. не се вратило дома на 15 декември 1993 година. Два дена подоцна, таа била пронајдена мртва во ѓубриво на блиската фарма за коњи, што била затворена со тешка бетонска плоча.

Откриено е дека била убиена на крајно брутален начин. Истражителите откриле траги на насилство на вратот и главата, а устата и била полна со слама.

Во тоа време имало тројца осомничени – 17-годишник од околината, 29-годишник од Визенфелд и 15-годишник, исто така од Визенфелд.

Овој најмладиот бил најсомнителен, неговите сведоштва биле полни со контрадикторни тврдења. Тој бил уапсен трипати и секој пат пуштен на слобода. Бил уапсен и за друго убиство во јуни 1994 година, но исто така е ослободен. Подоцна починал во сообраќајна несреќа. Случајот потоа полека се „оладил“.

Во меѓувреме, ДНК анализата станала понапредна. Полицијата открила нови траги што водат до еден од тројцата оригинални осомничени – еден млад човек од округот Мајн-Спесарт.

Врз основа на потерница распишана од истражен судија, полицијата го уапсила 44-годишникот, соопшти вчера јавното обвинителство. Станува збор за Торстен Е., кој имал 17 години за време на злосторството. Кој бил мотивот за убиството сè уште не е познато, пишува Зидојче цајтунг.