Економија 05.07.2019 13:31

По 4 дена од железничката несреќа: Вагоните конечно ќе се отстрануваат од пругата кај Куманово

По 4 дена од железничката несреќа: Вагоните конечно ќе се отстрануваат од пругата кај Куманово

По 4 дена од железничката несреќа, вагоните конечно ќе се отстрануваат од пругата кај кумановско Черкези.

-Во текот на денешниот ден ќе бидат расчистени и подигнати исклизнатите товарни вагони на делот од пругата помеѓу станица Куманово и Романовце, со што ќе се овозможи на ЈП МЖ Инфраструктура да пристапи кон обновување на пругата, информираат од МЖ Транспорт АД-Скопје.

Вагони од товарен воз се излизгаа од пругата кај кумановско Черкези на 2-ри јули. Немаше повредени, но беше причинета голема материјална штета. Поради тоа железничкиот сообраќај неколку дена е во прекин.