Банкарство 29.06.2018 14:16

По долги години загуба, „Еуростандард банка“ конечно во добивка

По долги години загуба, „Еуростандард банка“ конечно во добивка

„Еуростандард банка“ минатата година ја заврши со добивка од 188.000 евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од 2016 година кога банката заврши со загуба од 600.000 евра.

Лани банката има знајачно подобрување на нето приходите кај двете најважни ставки: каматите и приходите од надоместоци и провизии. Кај каматите нето приходот лани достигнал 4,72 милиони евра и во споредба со 2016 година има раст од 8,6 отсто. Кај нето приходите од провизии и надоместоци растот е уште поинтензивен и изнесува 915.000 евра односно 52 отсто во споредба со 2016 година. Вкупните нето приходи од провизии и надоместоци се 2,68 милиони евра.

Најголема расходна ставка на банката се останатите расходи од дејноста и тие изнесуваат 3,67 милиони евра. Во споредба со лани книжат раст од речиси 600.000 евра. Резервациите за кредитните пласмани се втора по големина ставка и тие изнесуваат 2,68 милиони евра, а во споредба со 2016 година бележат раст за 500.000 евра. Во споредба со лани книжат раст од речиси 600.000 евра. Всушност лани банката издвоила вкупно за резервации 6,74 милиони евра, а ослободила резервации во износ од 4,06 милиони евра.

Нивото на кредитирање на крајот на 2017 година изнесува 110,3 милиони евра и бележи многу значаен раст во споредба со 2016 година кога изнесувало околу 100 милиони евра. Тоа значи дека „Еуростандард банка“ за една година својата пазарна позиција за зголемила за 10 отсто во споредба со 2016 година. Банката лани значајно го намалила и вложувањето во хартии од вредност во спроедба со 2016 година. На крајот на 2017 година тоа е сведено на ниво од еден милиони евра, додека на крај на 2016 година било на ниво од 2,62 милиони евра.

Нивото на депозитите на други коминтенти лани пораснал за 16,2 милиони евра и достигнал речиси 150 милиони евра.

На крајот на минатата година банката има акумулирана загуба од 10,6 милиони евра.