Во вчерашната емисија „360 степени“ гостуваше Мила Царовска, министер за труд и социјална политика која говореше дека скандалот со пензиите е системска грешка.
-Целиот систем едноставно некој заборавил дека треба да се следи. И дека треба одговорно со финанските средства што работодавачот ваш денеска ви ги уплаќа за придонеси одреден процент останува во првиот пензиски столб, но одреден процент заминува за вториот, за да вие можете да земете комплетна пензија. И тоа е суштински проблем, појасни Царовска.
А, кога јас посочив персонална одговорност, го запраша Царовска водителот, при тоа што укажа дека не е технички проблем, ова е системски проблем, проблем кој што значи дека едноставно неодговорно се пристапило кон креирањето на политиките, следењето на политиките во државата кои што се однесуваат на пензискиот систем.
-Јавното обвинителство ќе утврди дали има работа околу овој случај. Моја одговорност согласно Кривичниот Законик е она кое што го имам како индиција да го доставам, а оние кои што се одговорни да прибават докази, да ја следат состојбата, да ја испрашуваат и да ги анализираат процесите каде и за чија цел отишле тие финансиски средства, дали некој ги земал, или не ги земал, значи тоа не е надлежност на МТСП, нагласи Царовска.