Актуелно 28.02.2020 19:58

По кој основ Заев оди со државни возила на дебата иако ПОВЕЌЕ НЕ Е ПРЕМИЕР?

По кој основ Заев оди со државни возила на дебата иако ПОВЕЌЕ НЕ Е ПРЕМИЕР?

Поранешниот премиер Зоран Заев изгледа се уште не може да се навикне на животот без премиерската функција, па иако веќе два месеци не е на функцијата сепак се уште ги користи државните ресурси кои не му следуваат како претседател на СДСМ

На вечерашната дебата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, Заев дојде со државни возила, како и со обезбедување, кое му следува како премиер, но не и како претседател на СДСМ.

Од присутните во телевизијата дознавме дека со Заев биле присутни и советници од владата на Република Македонија, чиј опис на работно место е во влада, а не придружба на лидерот на СДСМ.

Користењето на државните ресурси во форма на возила, обезбедување и советници е класична злоупотреба на државни ресурси во партиски цели од страна на Зоран Заев и СДСМ.

извор: vecer.mk