Актуелно 28.09.2018 21:30

По набавки во четири очи, објавен тендер за инсулин

По набавки во четири очи, објавен тендер за инсулин

Министерството за здравство ја стартуваше процедурата за набавка на инсулин. Според објавениот оглас понудите ќе се отвораат на 6 ноември. Набавката, односно тендерот доцни неколку месеци. Во меѓувреме, за пациентите снема инсулин и министерството набавуваше инсулин во постапка со преговарање без претходно објавување оглас односно во четири очи.

Имаше само најави и изјави дека ќе има тендер и тоа од пролетта. Се стартуваше со најава од Владата кога во јули годинава на седница усвои информација  за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 – септември 2020 година. Тогаш од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено министерството за здравство. На министерството пак му требаа околу два месеци за да објави тендер.

-За да не дојдеше до ситуација да снема инсулин, дијабетичарите да се жалат во август дека на поделениот инсулин рокот веќе му истекува, министерот за здравство Венко Филипче требаше да се ангажира тендерот да биде објавен неколку месеци порано како што и ветуваше, коментираат упатените

Најнови вести