Економија 22.07.2018 18:12

По одредениот пад, криптовалутите зајакнуваат

По одредениот пад, криптовалутите зајакнуваат

Криптовалутите повторно почнаа да зајакнуваат после одреден период на постојан пад. Најголем раст повторно бележи најпопуларната криптовалута, биткоин кој за првпат од почетокот на јуни ја проби границата од 7 500 долари, пренесе Bloomberg
Биткоинот на почетокот на тргувањата забележа раст од 3,1% и се искачи на 7.543 долари вредност, за овој раст подоцна да се намали за околу 0,8% поради тргувањата во Лондон.

Останатите криптовалути како рипл, етериум и лајткоин, бележеле мешовити резултати, но во главно ги задржале добивките остварени еден ден порано.

И покрај најавите дека се очекува повторно голем раст на криптовалутите, вредноста на биткоин и понатаму е околу 60% пониска од историскиот рекорд кој го оствари во декември минатата година кога достигна вредност од скоро 20 000 долари.