Актуелно 26.07.2018 12:47

По пожарите, земјотреси ја тресат Грција

По пожарите, земјотреси ја тресат Грција

Три земјотреси рано утринава се регистрирани во Грција. Најсилниот бил 4,2 степени.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресите се регистрирани на островите Додеканези во чија група влегува и познатиот Родос.

Првиот земјотрес бил со интензитет од 3 степени во 9:44 по локално време, вториот во 11:17 часот со јачина од 4,2 степени. Третиот земјотрес бил почувствуван дваесетина минути подоцна со јачина од 3 степени.

Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.