Актуелно 23.11.2018 11:40

По реакција на Македонците: „Гардијан“се исправи за Северна

По реакција на Македонците: „Гардијан“се исправи за Северна

Британскиот весник „Гардијан“ отстапи од именувањето на државава како Република Северна Македонија во својот напис за 50. најдобри вина за претстојните божикни празници, враќајќи се на уставното име на македонската држава.

По организиранито укажување од македонските корисници на социјалните мрежи, поттикнато од глобалното македонско движење „Ние сме Македонија“, „Гардијан“ си ја поправи грешката и ја именува државава така како што се вика таа во својот Устав.