Банкарство 14.08.2018 18:39

По рекордната вредност која биткоинот достигна, , следи сериозен пад

По рекордната вредност која биткоинот достигна, , следи сериозен пад

Во вторникот цената на најпопуларната криптовалута биткоинот падна на берзата „Bitstamp“ со до 6 отсто до 5.880 долари за готово. Така, вредноста на најголемата криптовалута според пазарна капитализација се намали за прв пат за повеќе од 7 недели под 6.000 долари.

Причината за падот: инвеститорите се разочарани дека Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД (U.S. Securities and Exchange Commission – SEC) повторно ја одложи својата одлука за одобрување на берзански тргуваните фондовите (ETF), засновани врз основа на цената на биткоинот или етериумот. Тоа се финансиски инструменти, структурирани како заеднички фондови, чии акции се тргува на берзите слично на монетарната трговија. Разликата е во тоа што тие ја следат презентацијата на одреден индекс од хартии од вредност, цените на даден пазарен сектор или цените на дадени стоки. Во овој случај, тоа ќе бидат криптовалутите.

По рекордната вредност која биткоинот достигна кон крајот на 2017-та година – од скоро 20.000 долари за готово, следеше сериозен пад. Последниот тековен колапс е од крајот на јули па досега.

Вкупната пазарна капитализација на сите околу 1.800 криптовалути овој вторник изнесува 193 милијарди долари според „CoinMarketCap“. На почетокот на годината, сепак, беше 820 милијарди долари.

Најнови вести