Идните невести ќе имаат уште една шанса да ги видат најубавите венчални фустани на седмиот The Bridal Fashion Night, закажан на 4 февруари, во „Скопје Мериот хотел“.
Моден Викенд Скопје во соработка со „Скопје Мериот хотел“ организираат The Bridal Fashion Night – настан каде што идните невести ќе имаат можност одблизу да се запознаат со најновите креации на модните дизајнери на венчаници, целосната организација на венчавки од страна на скопскиот хотел.
Ќе бидат прикажани ревиите на најновите, прекрасни колекции на Анна Бора Ателјер, Минна Фешн, Marie Antoinette, Матронс и JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier со Колекцијата “JZJ THE
GREAT”. Специјален гостин на ревијата ќe биде поп ѕвездата FJOLLA MORINA. Арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу“ годинава ќе претстави нова уникатна креација на „The Bridal Fashion Night”. „Фа–Бу“ е специализирано арт-студио за изработка на несекојдневни фустани од свежо цвеќе.