Со церемонија и обраќање на првиот вицепремиер Артан Груби и минирање денеска во близина на селото Горна Бањица на потегот меѓу Гостивар и Кичево ќе биде означен стартот на теренските работи од изградбата на коридорот 8 кој ќе го гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ врз основа на договор кој македонската влада го попиша пред шест месеци и со кој се предвидува изградба на автопатска делница на потегот Гостивар – Букојчани но ќе се работи и на делниците Требеништа – Ќафасан и Тетово – Гостивар.
Неофицијално како фирми подизведувачи се јавуваат компаниите „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ како дел од најавените домашни компании на кои „Бехтел и Енка“ како изведувач им го има доверено извршувањето на дел од работите. Тетовската компанија „Ак инвест“ има најсериозно и најпрофесионално портфолио со голем број проекти и соработки со светски познати компании. „Еуровиа“ е фирмата која го доби тендерот за пренамена на спортскиот центар Борис Трајковски за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ, а во моментов документите за тендерот се на разгледување во ДКСК и во ОЈО. Третата фирма пак, битолската „Стентон градба“ е една од најзвучните во Битола, а во последните 12 месеци има добиено 21 тендер.