Банкарство 15.05.2018 12:34

Почеток на Биткоин револуцијата?!

Почеток на Биткоин револуцијата?!

Германската банка „Bitbond“ одлучи да почне со употреба на Биткоинот за интернационално позајмување на парични средства.

Овој сервис им овозможува на претприемачите да позајмуваат до 50.000 евра.

Според статистиката оваа банка досега има позајмено повеќе од 10 милиони долари благодарение на овој систем.

„Bitbond“ беше лансиран во 2013-та година, и во Германија е регистриран како финансиска институција во 2016-та година. Оваа банка сега ја користи оваа валута со цел полесно спроведување на интернационалниот трансфер на пари. Позајмените пари на клиентите им ги испраќаат со помош на биткоинот, така што со самото праќање се трансформираат во валутата на таа земја.

Користењето на валутата овозможува побрз и поефтин трансфер на пари за разлика од другите методи кои ги коритат останатите банки. Моментално, најголемиот број од банките се потпираат на „SWIFT“ мрежата, за полесна интернационална трансакција, но овој систем има и неколку маани.

Клиентите се принудени да платат надоместок за секоја трансакција, а мрежата не овозможува пренос на пари, туку само безбедна комуникација помеѓу банките.

За време на лансирањето, „SWIFT“ воведе револуција во кодовите на оваа мрежа кои ги направија трансакциите многу побрзи.

Со технологијата за блокирање, постои ветување дека процесот ќе биде уште побрз. Всушност, „Ripple“ протоколот за трансакции, кој е поврзан со третата најголема криптовалута, развиен е како базирана алтернатива на „SWIFT“ сервисот.

Трансакциите со криптовалути се остваруваат во неколку секунди, и тоа без голем надоместок, Постои само еден посредник кој што мора да се плати, а тоа се „рударите“ кои ја потврдуваат трансакцијата.