Живот 19.02.2021 13:12

Почина познат македонски новинар

Почина познат македонски новинар

На 79 годишна возраст во Прилеп почина познатиот новинар Тачко Локвенец, Тој беше познат новинар многу пошироко од неговиот град, мајстор на пишаниот збор, со свој разигран и препознатлив стил.

Локвенец работеше за весникот „Нова Македонија“, Радио Прилеп, „Народен глас“, го издаваше и својот весник „Порта”.

Читателите го паметат и по безброј други текстови и репортажи, никаде не одеше без својот тефтер, од кој излегуваа неговите прилепски хроники.

Напиша и голем број на анализи и коментари. Автор е и на повеќе книги, „Вест и власт“, „Љубовни легенди од Прилепската чаршија”, „Судница лудница”, „Дабница”, „Ние сме тука”,„60 години од почетокот до денес” и други.