Живот 09.04.2021 18:30

Почина Тони Николовски- сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска

Почина Тони Николовски- сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска

Почина Тони Николовски, советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен снимател, со искуство во повеќе медиумски куќи.

Николовски работеше како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година, пред да стане советник во МЗШВ.

Тој е сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска.

Во својот работен век работел и во МРТВ, како и во поранешната А1 телевизија. Николовски почина од последиците на Ковид-19.