Актуелно 28.03.2021 16:52

Починаа уште 33 лица заразени со корона вирусот во последните 24 часа, најмладиот на возраст од 39 години

Починаа уште 33 лица заразени со корона вирусот во последните 24 часа, најмладиот на возраст од 39 години

Во изминатите 24 часа битката со Ковид-19 ја изгубија дури 33 граѓани.

-Пријавени се вкупно 33 починати лица: 8 пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по 4 пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), 3 пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по 2 пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата па се досега како последица на Ковид-19 починаа 3.675 граѓани