Актуелно 05.06.2024 08:03

Почна бербата на врганот – еве колку чини килограм свежи печурки

Почна бербата на врганот – еве колку чини килограм свежи печурки

Со почетокот на топлите јунски денови, започна и сезоната за берење на една од најпопуларните и најбараните печурки во нашата земја – врганот.

Љубителите на природата и гурманите со нетрпение ја очекуваа оваа сезона, која ветува богата жетва и вкусни специјалитети. Според последните информации, цената на килограм суров врган од пва класа достигнува 200 денари, додека печурките од втора класа се продаваат за 120 денари за килограм.

За љубителите на сушените печурки, цената е значително повисока – 1.500 денари за килограм, со оглед на фактот дека потребни се цели 7 килограми свежи печурки за да се добие еден килограм сушени.

Во разговор за Денар, прилепчанецот Ангеле Митаноски кој се занимава со берење врган, сподели дека во моментов успева да набере меѓу 2 и 3 килограми дневно.

Сепак, тој е оптимист дека со текот на времето количините ќе се зголемат и очекува да бере до 20 килограми на ен.

Ова не е само хоби за него, туку и значаен извор на приходи. Тој објаснува дека за време на летниот период, со редовно берење и продажба на врган печурки, успева да заработи над 3.000 евра, што значително му го зголемува домашниот буџет.

Оваа активност не само што придонесува кон финансиската стабилност на семејствата кои се занимаваат со берење, туку и го збогатува кулинарскиот идентитет на регионот.

Врганот е познат по својот богат вкус и висока нутритивна вредност, што го прави одличен додаток во многу традиционални и модерни јадења.

Со оглед на оа што се работи за природен производ, берачите мора да бидат внимателни и да ги следат правилата за одржливо користење на шумските ресурси, за да се обезбеди долгорочно опстојување на оваа вредна габа.

Иако печурките врган се сметаат за безбедни за консумација, сепак е важно да се напомене дека берачите треба да бидат обучени да ги разликуваат од другите потенцијално отровни видови печурки.

Во таа насока, многу е важно да се зголеми свеста кај јавноста за безбедно берење и консумација на печурки.