Актуелно 01.11.2023 09:42

Почнува исплатата на октомвриските пензии

Почнува исплатата на октомвриските пензии

Како што соопштија институциите, пензиите од сега се исплаќаат во редовниот рок, а тоа значи дека денес треба да легнат парите за октомвриската пензија на илјадници македонски пензионери.

Некои од македонските банки пензијата за своите корисници направија предвреме или ден порано. Од минатиот месец пензиите се зголемија за 5,3 отсто, а веќе следниот март ќе има ново зголемување.

До пред една деценија пензиите се исплаќаа и на 15-ти во месецот, а сега истите исплаќаат во редовен рок односно на први.