Живот 13.11.2023 11:32

Почнува третата рунда преговори за глобален договор за намалување на пластичниот отпад

Почнува третата рунда преговори за глобален договор за намалување на пластичниот отпад

Трета рунда преговори меѓу претставниците на земјите-членки на ОН ќе започне денеска во кенискиот главен град Најроби за финализирање на деталите од глобално обврзувачкиот договор за драстично намалување на пластичниот отпад.

Целта на преговорите е да се склучи глобално обврзувачки договор со цел да се минимизираат штетните ефекти од загадувањето со пластика врз животната средина и здравјето на луѓето.

Според Plastics Europe, здружение на производители на пластика, во светот во 2022 година билет произведени 400,3 милиони тони пластика – двојно повеќе од 2002 година.