Живот 17.01.2021 02:57

Под кои услови ќе може да се оди во Грција на одмор?

Под кои услови ќе може да се оди во Грција на одмор?

Грција ќе ги „олабави“ своите граници ова лето. Со најавата дека ќе може слободно да се влага со потврда за вакцинација, грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, рекол дека постои опција и за брзи тестови.

Сепак, кога станува збор за нашите граѓани, рампата е сè уште спуштена. Се очекува да помине на 21 јануари, кога Европската комисија ќе донесе протокол за влез во земјите на ЕУ. Сепак, секоја земја има право, врз основа на билатералните договори, да одлучи сама кога и под кои услови ќе пушта.

Грчката граница е затворена за нашите од почетокот на пандемијата.