Актуелно 04.12.2019 20:54

Поддржувачите на политиките на Заев кренаа раце од него: Промената на името го доуништи правниот поредок во Република Македонија

Поддржувачите на политиките на Заев кренаа раце од него: Промената на името го доуништи правниот поредок во Република Македонија

Новинарот Зоран Иванов кој што важеше за еден од најголемите поддржувачи на политиките на СДСМ и Зоран Заев, вклучувајќи ја и промената на името, по се изгледа крена раце од него.

Иванов во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека Преспанскиот договор го доуништи правниот поредок во Македонија.

Воедно тој коментира дека во моментов немаме правна дражва.

-Се почна со можеби и онака руинираниот правен систем со Преспанскиот договор се доуништи правниот поредок во Република Македонија. Тука можеби криминалот си најде свое ухлебие ако може нешто да изрекетира, да подмити нешто да искорумпира за да може ништо да не важи во оваа држава. И сега вие имате една лимбо ситуација во која ние не сме ни правна држава ни политичка држава. Ниту политиката е доминантна таа се покрива со правото, а правото не постои во вистинска смисла на зборот, вели Иванов.

Новинарот и поранешен пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија запрепастен од незнаеењето во Владата на Зоран Заев.

Тој напоменува дека оваа Влада е со најголем број министри иако СДСМ од опозиција најавуваше намалување на бројот министри.

Бишевац обвинува дека сите овие министри сега рекетираат, корумпираат и со исклучок на два-тројца работат за свое лично богатење.

-Но факт е дека во Владата на Заев освен два тројца министри иако е една од најголемите Влади во историјата на Македонија по бројот на министри има такво незнаење што запрепастува. Факт е дека дел од нив влегоа во шемите само сега разгазени кондури на рекетирање, на корумпирање, на лично богатење и тоа е исто така факт, што целата таа работа, тие зрнца посеано добро практично не се гледаат од шумата на непотизмот. Видете што се случува во СЈО, непотизам, криминал секаде, порача Бишевац.