Актуелно 20.02.2019 12:41

Поглаварот на ИВЗ на Македонија- Реисот Сулејман Реџепи, на ФБ се пофали дека има албански пасош

Првиот човек на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи ѝ се заблагодари на Албанија што му го остварила долгогодишниот сон и му издала албански пасош.

Албанските власти, со посветеност и потпишување од претседателот на Република Албанија Илир Мета, денеска официјално го издадоа мојот албански пасош.

Особено ми е чест и сум задоволен што тоа се случи со поддршка на претседателот Илир Мета, човекот кој се грижи за Албанците каде и да се. Одговорните власти на албанската држава ми дадоа албански пасош за кој мислам дека е од голема вредност, без разлика дали е симболична или практична. Овој пасош е моја радост и остварување на долгогодишна желба, бидејќи со тоа се чувствувам поконкретно дел од мојата мајка-држава. Бог да го благослови претседателот Мета, Бог да ја благослови Албанија, напиша реисот на Фејсбук за новиот пасош и новото државјанатво.

т човек на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи ѝ се заблагодари на Албанија што му го остварила долгогодишниот сон и му издала албански пасош.