Живот 30.10.2018 18:25

Погледнете ја најопасна социјална мрежа

Погледнете ја најопасна социјална мрежа

И покрај тоа што Фејсбук и Инстаграм се убедливо најпопуларни социјални мрежи , сепак Тиндер има милиони корисници кои се во потрага по партнер низ целиот свет.

Истражувањата , пак , покажуваат дека токму Тиндер е најопасната социјална мрежа, односно списокот на неговите позитивни страни е помал отколку негативните.

Според истражувањето на Consumers Research, Тиндер е на врвот на листата на апликации на кои корисниците доживеале непријатно искуство.

Дури 39 проценти од корисниците во анкета се изјасниле дека имале непријатно искуство додека ја користеле оваа апликација. Најголемиот број навеле дека имале потешкотии да ,,се ослободат” од корисници кои им се чинеле  сомнителни, неискрени , нападни или деструктивни.

Според анкетата , цел на напади во најголем број биле жени и тоа дури 57 проценти имале непријатно искуство. Околу 20 проценти од мажите се пожалиле дека доживеале непријатност на Тиндер.