Актуелно 31.01.2019 14:32

Полицијата во Полошко лани фатила 2500 возачи кои управувале моторно возило без возачка дозвола

Полицијата во Полошко лани фатила 2500 возачи кои управувале моторно возило без возачка дозвола

Соодветно казнети вкупно 121 возач од Полошко кои полицијата во јануари ги открила дека управувале без положен возачки испит, информираа од СВР-Тетово. Според полициската статистика, во Тетовско имало 81 случај додека на гостиварското подрачје биле откриени 40 возачи без положен возачки испит кои управувале возило.

За сите нив биле изготвени платни налози согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што предвидува парична глоба за овој прекршок од 300 евра во денарска противвредност, а истата глоба е предвидена и за сопственикот на возилото кој му го отстапил на управување на лице без возачка дозвола. На правните лица им се изготвува и барање за поведување судска прекршочна постапка.

Според податоците во СВР Тетово, во текот на 2018-та година вкупниот број на откриени возачи без дозвола во Тетово и Тетовско изнесувал 1367, а на гостиварските простори 1134.

Оттаму најавија дека и во наредниот период ќе продолжат засилените контроли за откривање и санкционирање на возачи во полошкиот регион кои седнуваат зад волан без положен возачки испит.

Најнови вести