Актуелно 15.08.2019 16:34

Политичката клима ќе удри врз економијата и даноците

Политичката клима ќе удри врз економијата и даноците

Негативно ќе се одразат врз економијата и даноците политичките збиднувања во државата.

Ова може да се констатира од оценките на експертите.

Даночниот експерт Павле Гацов смета дека е потребно смирување на политичката клима која негативно може да влијае на целата економска состојба и на плаќањето даноци.

-Во овој момент е добро да се смири политичката ситуација и да се вратиме на економијата како што треба, бидејќи лошата состојба секогаш влијае врз бизнисот и може да потткне заобиколување на законските обврски-кажа Гацов.

Во првото полугодие државата собрала скоро 20 милиони евра повеќе од од граѓаните со примената на новиот систем со кој со повисока даночна стапка се оданочува доходот на граѓаните кои заработуваат повеќе. Од друга страна дури 85 проценти од граѓаните не се задоволни од налинот на кој државата ги троши парите собрани од даноци.

 

Извор: Фактор