Големо намалување на прометот во маркетите, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Имено, во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со јули лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки е забележано само во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, и тоа номинално за 7,6 отсто, а реално за 0,5 проценти, додека во групите Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 1,5 отсто, а реално опаѓа за 6,5 процент, соопшти Државниот завод за статистика.
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива номинално опаѓа за 20,6 процент, а реално расте за 5,5 отсто. Пад и кај двете стапки е забележан во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа номинално за 4,2 процент, а реално за 13 отсто.