Економија 12.02.2025 12:32

Помалку издадени одобренија за градба во декември

Помалку издадени одобренија за градба во декември

Државниот завод за статистика денеска излезе со податоци дека во декември биле издадени 287 одобренија за градење, што е за два процента помалку во однос на истиот месец лани.

Предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари што е за 22,6 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 175 се наменети за објекти од високоградба, 48 за објекти од нискоградба и 64 за објекти за реконструкција. Предвидена е изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557 м2.

Физички лица како инвеститори се јавуваат кај 157 објекти, а кај 130 објекти инвеститори се правни субјекти.