Економија 11.11.2024 14:25

Помалку издадени одобренија за градење во септември

Помалку издадени одобренија за градење во септември

Во септември годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 9.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 517 775 илјади денари, што е за 12.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (49.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.4 %) за објекти од нискоградба и 60 (20.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на 131 (44.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 165 (55.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67 372 м2.